Се пензионираше легендарниот италијански кошаркар

Ветеранот и поранешен италијански репрезентативец Данило Галинари, објави крај на својата кошаркарска кариера. На 37-годишна возраст, крилниот играч одлучи да се пензионира, откако 16 години настапуваше во најсилната лига во светот НБА, каде што остави длабока трага.

Галинари во својата кариера играше во Олимпија Милано, пред да замине во НБА во 2008 година, каде потпиша за Њујорк, па потоа беше дел од Денвер, кратко се врати во Олимпија Милано, а потоа во ЛА Клиперс, Оклахома, Атланта, Вашингтон, Детроит, и негов последен клуб беше Милвоки.

„Денес, со срце полно со благодарност, го објавувам моето заминување од кариерата за која отсекогаш сум сонувал. Кариера изградена врз напорна работа, жртва, победи, порази, соиграчи кои станаа браќа, водството од моите тренери и секако семејството и пријателите кои беа со мене на секој чекор од патот. Беше неверојатно патување исполнето со безброј спомени што ќе ги носам со себе до крајот на животот. На оние што веруваа во мене, на сите што ме поддржуваа и на оние што го споделија секој момент со мене – ви благодарам, од дното на моето срце. Премногу сум возбуден за следното поглавје!“, напиша италијанскиот кошаркар на Инстаграм.

Се вчитува...