Ердал Лушо ја почна главната етапа на легендарната трка преку Атлантикот: „Имаме шашаво време, ќе биде забавно!“ (ВИДЕО)

Македонскиот едриличар Ердал Лушо ја стартуваше и главната етапа од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“ за која се изборија, претходно низ квалификации, само осум едриличари од целиот свет.

Откако претходно ја финишира првата етапа на САЦ-25, од Португалија до Канарските острови, стружанецот Лушо веќе го почна пловењето преку Атлантикот, сега од Канарските острови до Карибите.

Сите осум учесници на овој неверојатен подвиг пловат сами, во обидот да го минат Атлантикот.

„Најверојатно ќе пловиме околу 30 дена. Имаме ‘шашаво’ време, ќе биде забавно. Едрилицата е подготвена, а јас едвај чекам да започнеме. Ќе гледам почесто да ве информирам. Како и да е, среќна Нова, се гледаме на другата страна“, порача Ердал на социјалните мрежи пред почетокот на главната етапа.

Како што е познато, од вкупно 18 учесници, само 8 претходно ги поминаа елиминациските трки, и се изборија заместо во финалната трка преку Атлантикот, меѓу кои и Лушо, кој со неговата едрилица „Пиксел“ неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои се дел од оваа трка.

Ердал Лушо, неговата едрилица „Пиксел“ сам ја изгради во Струга, со помош на своите пријатели и спортски ентузијасти од клубот, со детали од дрвото што дедото го засадил во дворот на неговиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @erdalluso

Брод што се движи само со силата на ветерот и со голема верба во соништата, и со приказната за вистински храбри луѓе од Македонија, продолжува да плови и во следните околу 30 дена, до Карибите!

ТРКАТА НА ЕРДАЛ ЛУШО И НЕГОВИОТ НАПРЕДОК ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ СО ЕДРИЛИЦАТА „ПИКСЕЛ“ МОЖЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...