Кошаркарската федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка.
Планирани се три натпревари:
● натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“,
● женски сениорски All Star натпревар,
● машки сениорски All Star натпревар.
Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ – „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на федерацијата – „МТЕЛ“ Супер лига – мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени.
Во рамките на All Star програмата, во паузите (истек на четвртините) од натпреварите, ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината, креативноста и атрактивноста на играта.
Во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25, како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.
Со оваа манифестација федерацијата ја потврдува својата определба кошарката да биде повеќе од резултат – простор за промоција на талентот, фер-плејот, инспирацијата и заедничката спортска радост.
Повеќе информации за составите на екипите, стручните штабови и пропратните активности ќе бидат објавени во 15, декември (понеделник), 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

