„Светот“ ја победи „Македонија“ на женскиот олстар-меч

Странските кошаркарки кои настапуваат во мак-баскетот славеа над домашните во рамките од вториот меч од олстар програмата во СРЦ Кале, дуел што тимот на „светот“ го доби против тимот на „Македонија“ со резултат 91-79.

За најдобра кошаркарка на овој меч беше избрана Алексис Пул од Крива Паланка, која се закити со МВП признанието откако го заврши мечот со 27 поени и шест скокови.

Во паузата , публиката во „Кале“ присуствуваше на уште едно натпреварување, она во шут за три поени во женска конкуренција. Како најдобра се покажа кошаркарката на Баскет кам, Сара Максимовска, која во финалната пресметка беше подобра од Ива Чолакоска одБадел 1862.

Се вчитува...