Обрадовиќ: Раководството на Партизан никогаш не ми наметнуваше кошаркари!

Легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ, кој неодамна ја напушти клупата на белградски Партизан, остро ги негираше тврдењата на дел од српските медиуми дека имал конфликти со раководството околу составувањето на екипата.

Според шпекулациите, управата на црно-белите наводно му наметнувала играчи на популарниот „Жоц“, но Обрадовиќ категорично тврди дека такво мешање никогаш не се случило.

„Јас сум професионалец и никогаш не би толерирал вакво нешто. Секогаш имав целосна слобода во донесувањето одлуки и не дозволувам никого да се меша во мојата работа. Управата на Партизан ми даваше максимална поддршка во сите наши активности. Овие гласини се апсурдни и целосно невистинити“, истакна Обрадовиќ.

Се вчитува...