Бекот на Барселона, Кевин Пантер е избран за најкорисен кошаркар во Евролигата за месец декември, објави денеска елитното европско кошаркарско натпреварување.
Пантер беше брилијантен во месецов што изминува, во просек постигнуваше по 24,4 поени по натпревар, со просечен индекс на корисност од 23 индексни поени.
Ова е вторпат во кариерата Пантер да биде избран за играч на месецот во Евролигата, откако стигна до него и во октомври 2024, првиот евролигашки месец по неговиот трансфер од Партизан во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

