Поцеко е нов тренер на турски Галатасарај

Досегашниот селектор на италијанската репрезентација, Џанмарко Поцеко, нема да остане без ангажман во новата 2026 година, бидејќи Галатасарај го претстави 53-годишникот како нов тренер.

Поцеко поднесе оставка од тренерската позиција на „Азурите“ по елиминацијата на Евробаскетот во Рига. Поцеко потпиша договор кој ќе стапи на сила во понеделник (5 јануари) и ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.

Се вчитува...