НАЈГЛЕДАНО ОД „ПРЕСИНГ“ ВО 2025: Како Антиќ му помогна на Елмас за трансферот во Фенербахче… (ВИДЕО)

ЕКИПА.МК во 2025 година го стартуваше својот нов проект – првиот спортски подкаст во Македонија од ваков тип, „ПРЕСИНГ“ во кој домаќин е и најголемата македонска легенда во историјата, Дарко Панчев. Па, низ деновите на заокружување на изминатава 2025 година ќе ве потсетиме и на најгледаните моменти од изминатите 13 епизоди на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ во кој, заедно со Дарко Панчев, гости ни беа Благоја Милевски, Емил Рајковиќ, Кире Лазаров, Масар Омерагиќ, Марјан Илиевски, Перо Антиќ, Златко Калински, Јошко Миленковски, Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓе Војновиќ, Александар Тодоров, Горан Попов, Шабан Трстена, Ѓоко Хаџиевски, Борко Ристовски…

=============================================

Гостувајќи во една од најгледаните епизоди на „ПРЕСИНГ“, македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ обелодени и дека дал значаен придонес во трансферот на Елиф Елмас од РАботнички во Фенербахче, по што бил изненаден од коментарите на луѓето околу него.

„Елиф Елмас исто ќе ти кажам, јас бев „менаџерот“ за Фенербахче. И заеш што беа првите зборови на „блиски луѓе“: Колку зема? Дали знаеш колку земав – НУЛА. Детето насмеано, пет години договор, веднаш му реков, не те земаат на пет години имаат план и ете – 16 милиони на Наполи по една и пол година… И детево ми е мерак… сега јас сум тој што бара дресови, молим те потпиши ми дрес. Ќе си го ставам, си го урамам, мене ми е чест и задоволство“, кажа Антиќ.

Се вчитува...