Португалската репрезентација ќе биде дополнително ослабена на голманската позиција откако членот на Вардар, Мигел Еспиња, отпадна од комбинација за ЕП 2026 на самиот почеток од новата календарска година.
„Вардарецот“ Еспиња се мачи со повреди од минатото лето и се уште е без настап на клупски план сезонава, но Португалците се надеваа дека тој ќе може да настапи на ЕП во ситуација кога поради повреда отпадна и Диого Рема. Сепак, тоа нема да се случи откако последните лекарски прегледи покажаа дека Еспиња не е блиску до камбек, по што селекторот беше принуден на негово место да го повика Педро Гашпар, кој брани во АСОБАЛ лигата за тимот на Куенка.
Португалците ќе бидат втор ривал на Македонија на ЕП 2026, а дуелот со оваа селекција нашите ракометари ќе го играат на 18 јануари во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

