Партизан конечно најде нов центар

Партизан по долга потрага конечно најде нов центар што ќе биде потпишан во следните 48 часа, Тони Џекири ќе биде новото име во таборот на „црно-белите“ што ќе треба да го замени Тајрик Џонс во редовите на АБА-шампионот.

За интересот на Партизан за Џекири се шпекулираше пред десетина дена, но преговорите во изминатиот период добија на интензитет. Центарот утрово доби раскин на договорот со ЦСКА, по што веќе нема никаква пречка за тој да потпише договор на 18 месеци. Се очекува Џекири најдоцна до утре да пристигне во Белград, а  по лекарските прегледи да следи и потписот на соработката меѓу двете страни.

Комплетирањето на трансферот на Џекири речиси сигурно ќе значи и заминување на Тајрик Џонс. Олимпијакос притиска и веќе понуди 400.000 евра, центарот ги има договорено личните услови со грчкиот гигант, но „црвено-белите“ мораат да побрзаат бидејќи 5 јануари е последниот рок во кој може да доведат засилување од друга евролигашка екипа.

Се вчитува...