Меси го откри омилениот алкохолен пијалок – „фаќа“ побрзо од било што друго…

Лео Меси во огромен дел од појавувањата во медиумите говори за своите фудбалски успеси, па токму затоа интересно беше неговото интервју во татковината во кое Арентинецот говореше и за дел од својот приватен живот.

Воедно, тој доби прашање и кој му е омилен алкохолен пијалок, при што Меси изненади многумина со одговорот.

„Сакам да пијам вино понекогаш, црвено, но не претерувам… Ако сакам алкохол и да се расположен, го земам моето омилено, црвено вино со спрајт. „Фаќа“ побрзо од било што друго“, со насмевка коментираше 38-годишниот Меси.

Се вчитува...