Кошмарите на словенечкиот селектор Урош Зорман во пресрет на ЕП 2026 продолжија и на вчерашниот контролен меч со Кувајт. Победата од убедливи 37-23 остана во сенка на повредата на најдобриот словенечки ракометар Алекс Влах, кој мораше предвреме да го напушти теренот.
Денешните детални прегледи ги потврдија најцрните прогнози, проблемот не е наивен – Влах ќе мора да паузира најмалку 20 дена од тренажен процес, поради што овој ракометар дефинитивно отпадна од комбинација за настап на европскиот шампионат.
„Никогаш досега сме немале толку малери околу репрезентацијат акако оваа година. Тешко е да се каже било што, прегледите покажаа дека Влах нема да може да биде со нас на ЕП 2026. Штета, тоа сигурно ќе претставува удар за нашите игри и резултати“, изјави селекторот Урош Зорман.
Влах беше најдобар стрелец на последните три големи натпреварувања на Словенија (ЕП 2024, ОИ 2024 и СП 2025). На негово место дополнително на репрезентацијата ќе се приклучи искусниот Борук Мачковшек, кој претходно најави дека му е неопходен одмор по напорната клупска сезона, но сега прифати да се приклучи и да помогне во оваа кризна состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

