Еден од противниците на машката ракометна репрезентација на Македонија, Португалија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство во Данска.
По вчерашното реми со силната репрезентација на Египет, Португалците денеска покажаа сила против една од послабите репрезентации на ИХФ ранг листата Иран, совладувајќи ја со убедливи 41-20.
Португалија почна силно од самиот старт и веќе на полувреме имаше плус шест 17-11. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 41-20.
Покрај Португалија, Македонија на континенталниот собир ќе се сретне и со домаќинот Данска, како и со Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

