Нови сцени на незадоволство ни доаѓаат од кошаркарските терени во Бразил. Овој пат навивачите целосно го изгубија трпението и го нападнаа судијата на натпреварот на брутален начин.
По дуелот меѓу Пет Баскете и Каксијас, домашните навивачи, незадоволни од судењето, истрчаа на теренот. На почетокот имаше само груби зборови упатени кон судијата, а потоа следеше сериозна лутина.
Кога судијата виде дека навивачите се движат кон него, се обиде да трча што е можно побрзо кон соблекувалната. На пат кон соблекувалната, еден од навивачите стигна до него и го зграпчи за главата, а потоа го собори на подот, по што настана тотална мешаница.
По натпреварот, судијата изјави дека добил неколку силни удари додека лежел на подот.
Escenas lamentables vistas en la liga de baloncesto de Brasil:
Al terminar el partido entre Pato Basquete y Caxias, miembros del cuerpo técnico de Pato Basquete acorralan y agreden al árbitro
— Pasion Basket (@PasionBasketNBA) January 10, 2026
Бразилската кошаркарска асоцијација веднаш објави дека ова е неприфатливо. Тие наведуваат дека ваквите сцени го уништуваат угледот на кошарката во оваа земја. Се очекува домашниот тим на Пата Баскет да биде казнет, а веројатно е дека ќе биде без поддршка од публиката подолг период.
Судијата заврши со повреди по што доби лекарска помош во најблиската клиника.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

