Франција се соочува со огромен проблем на само неколку дена пред почетокот на ЕП 2026, откако селекторот Гилјом Жил остана без услугите на еден од најдобрите ракометари на оваа земја.
Недим Ремили нема да може да им помогне на „галските петли“ откако десниот бек заработи повреда на мускулот на левата нога. Деталните прегледи покажаа дека повредата не е наивна, Ремили ќе мора да отсуствува најмалку 15-20 дена, па селекторот Жил е принуден на негово место да повика нов ракометар.
Изборот падна врз Ејмерик Зепфек, кој ќе биде дел од тимот на ЕП 2026, но прашање е колку овој ракометар ќе може да одговори како замена за лидер на селекцијата каков што е Ремили.
Франција во првото кооло од ЕП 2026 ќе се сретне со селекцијата на Чешка, меч закажан за 15 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

