Како гром од ведро небо денеска одекна веста дека Желимир Обрадовиќ ја завршува својата тренерска кариера.
Српски „Soccerbet“ објави вест дека Желимир Обрадовиќ заминува во пензија:
„Готово е! Како што дознаваме од сигурни извори, најблиските пријатели и семејство организираа забава за Желимир по повод неговото пензионирање во неговиот роден Чачак. Жељко Обрадовиќ е најодликуваниот европски тренер на сите времиња. Освои 49 трофеи, вклучувајќи девет трофеи од Евролигата“, се вели на нивната официјална страница на Инстаграм.
Она што го внесе Желими Обрадовиќ во историјата на спортот е првенствено поврзано со неговата тренерска кариера. Речиси без никакво искуство, тој ја презеде клупата на Партизан во 1991 година и веќе постигна сензационален успех во првата сезона, откако ја освои титулата европски шампион во 1992 година во Истанбул. Тој подвиг, постигнат со млад тим во исклучително тешки околности, го најави почетокот на една од најуспешните тренерски кариери досега.
Во текот на следните децении, Обрадовиќ ги водеше најголемите европски клубови: Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон, Панатинаикос, Фенербахче и повторно Партизан. Каде и да работеше, остави длабока трага, освојувајќи национални титули и доминирајќи на меѓународната сцена. Тој постигна историски успех со Панатинаикос, освојувајќи дури пет титули во Евролигата и претворајќи го атинскиот клуб во европски гигант. Вкупно, тој ја освои Евролигата девет пати, што го прави најтрофеен тренер во историјата на тоа натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

