Селекциите на Црна Гора и на Полска си заминуваат дома уште по групната фаза од ракометното Европско првенство, откако денеска ги претрпеа вторите порази на континенталниот собир.
Црногорците беа поразени од Фарски Острови. Островската земја прикажа уште една одлична партија, и ја победи со 37-24. Фарските Острови во првото коло одиграа нерешено со Швајцарија и сега ќе треба да играат против Словенија.
Дури тројца ракометари имаа по девет голови кај „Фараните“, и тоа Митун, Скипаготу и Теигум.
Селекцијата на Полска потфрли на ова Европско првенство, откако го претрпе и вториот пораз. Денеска поуспешен беше Исланд, кој ја запиша втората победа и на крајот славеше со 23-31.
Торкелсон постигна шест гола, додека по пет дадоа Магнусон, Трастарсон и Видарсон. Кај Полска Олејничак со пет беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

