Швајцарија ја прегази Црна Гора, Италија ја шокираше Полска

Ракометната репрезентација на Црна Гора доживеа нов дебакл на Европското првенство откако во последниот меч на шампионатот беше декласирана од репрезентацијата на Швајцарија со убедливи 43-26.

Швајцарците доминираа во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигнаа до триумф со кој остануваат во игра за пласман во втората фаза. Рубин и Сигрист со по десет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Бранко Вујовиќ постигна девет гола.

Италија славеше во трилерот против Полска со минимални 29-28. Симоне Менгон со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Миколај Чаплински заврши со 12 гола.

Се вчитува...