Ракометарите на Хрватска стигнаа до првата победа во главната фаза од Европското првенство откако во интересен меч славеа против Исланд со 29-30.
Откако во поголемиот дел од првото полувреме се играше гол за гол, Хрватите одиграа одлично во последните десет минути па на пауза заминаа со највисоки плус четири 15-19.
Во вториот дел избраниците на Исланд заиграа подобро, па на десет минути до крајот успеаја да дојдат на само еден негатива 24-25.
Сепак, Хрватите успеаја да бидат посконцентрирани во финишот и да слават со конечни 29-30. Матео Мараш со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по осум гола постигнаа Рикардсон и Магнусон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

