Супер-драма и реми меѓу Унгарија и Швајцарија

Европското првенство во ракомет донесе уште еден фантастичен меч, откако Унгарија и Швајцарија во Малме ремизираа 29-29 во својот прв меч од главната фаза од ЕП 2026.

Швајцарија е селекцијата што повеќе ќе жали од ваквиот исход, ако се знае дека избраниците на Анди Шмит одиграа перфектни 40 минути. Швајцарците имаа прдност од 20-14 на полувреме, а во вториот период стигнаа и до „плус седум“. Сепак, по водството од 25-18 следеа шест гола во низа на Унгарија и влегување во неизвесна завршница.

Унгарците успеаја и да поведат со 28-29, Швајцарија израмни преку Ромдане, по што двете селекции не реализираа по два напади до крајот и овој драматичен дуел заврши без победник.

Портнер имаше 12 одбрани на голот на Швајцарија, додека Рубин беше најдобар стрелец на оваа селекција со седум погодоци. На спротивната страна, Рошта ги предводеше стрелците на Унгарија со пет гола, а добра партија прикажа и голманот Паласич со 14 интервенции.

Се вчитува...