Проблем во најава: Хрватска останува без најдобриот ракометар за ова ЕП

Хрватска со победата над Исланд се врати во игра за место во полуфиналето, но „коцкестите“ се соочуваат со огромен проблем по повредата на Иван Мартиновиќ.

Десниот бек кој важи за најдобар хрватски ракометар се повреди во второто полувреме од мечот со Исланд, не се врати повеќе на теренот, а врз него во текот на вчерашниот ден беа извршени детални прегледи. Иако е избегнато најцрното сценарио, информациите од хрватскиот табор говорат дека Мартиновиќ сепак има проблеми со лигаментите во пределот на скочниот зглоб, па неговиот настап во продолжението од овој шампионат е сериозно доведен во прашање.

„Мартиновиќ тренираше само на велосипед, воопшто не беше во движење бидејќи не може да трча нормално поради повредата. Сите се надеваме на чудо“, информираат хрватските медиуми.

„Коцкестите“ вечерва се среќаваат со Швајцарија во својот втор меч од главната фаза, уште еден дуел на кој Хрватска мора да победи ако сака да си ги задржи шансите за пласман во полуфиналето.

Се вчитува...