Алкараз и Сабаленка без мака до четвртфинале

Првите носители Карлос Алкараз и Арина Сабаленка го продолжуваат походот по трофејот на Австралија Опен откако без многу проблеми стигнаа до четвртфиналето на првиот гранслем турнир за оваа година.

Алкараз за ривал го имаше Томи Пол, кој даде посериозен отпор во првиот сет, дури и прв правејќи брејк на мечот. Сепак, Шпанецот го возврати брејкот, а потоа во тајбрејк славеше со 8-6. Фаворитот потоа направи брејк на вториот сервис-гејм на противникот и го доби вториот се со 6-4, по што во третиот беше подобар со 7-5, останувајќи се уште без загубен сет во овогодинешното издание на Австралија Опен.

Сабаленка се сретна со Мбоко од Канада, декласирајќи ја со 6-1 во првиот сет. Првата носителка имаше 4-1 и 5-3 во вториот сет, не искористи три меч топки, но во тајбрејкот повторно можеше да се проследи доминација на Сабаленка и триумф од 7-1.

Следна противничка на првата носителка ќе биде 18-годишната Американка Ива Јовиќ, која со победата над Путинцева стигна до своето прво четвртфинале на гранслем турнирите во кариерата.

Се вчитува...