Хрватска победнички со Швајцарија и остана во игра за полуфинале на ЕП

Ракометарите на Хрватска останаа во игра се уште за полуфиналето на Европското првенство 2026, откако во втората рунда натпревари во главната фаза славеа против Швајцарија со 28-24 (13-11).

Хрватите секако ги чека тешка задача во обидот да дојдат до првите две места во групата кои водат до полуфинале, ако се дека имаат ист број бодови со Шведска, Исланд и Словенија.

На денешниот дуел против Швајцарците, „коцкестите“ победата ја осигураа во второто полувреме откако првиот дел мина низ израмнета игра.

Во вториот дел посигурна игра на Хрватите на крај за заслужена победа од 28-24.

Најефикасни во редовите на Хрватска беа Срна и Мартиновиќ со по пет погодици, а Главаш постигна четири гола.

Се вчитува...