Бранителката на трофејот на Австралија Опен, американската тенисерка Медисон Кис претрпе елиминација во осминафиналето на првиот грен-слем во сезоната.
Подобра од неа беше нејзината сонародничка Џесика Пегула која славеше со 2-0 (6-3, 6-4).
Пегула во четвртфиналето за противничка ќе ја има Анисимова која славеше над Џенг со 2-0 (7-6(7-4), 6-4).
Во следната фаза на првиот грен-слем во сезоната се пласираше и Елена Рибакина која со 2-0 (6-1,6-3) ја совлада Елис Мертенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

