Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски ги искажа своите импресии од досегашниот тек на подготовките на Вардар во Анталија.
Седлоски е задоволен од тоа како течат тренинзите на “црвено-црните”.
„Напорни се подготовките, едноставно тешки се играчите. На секој сакам да му дадам шанса, сега до нив е како ќе се покажат. На првите два меча им дадов шанса на сите. Денеска исто така ќе им дадам шанса на повеќето. Секој кој е тука сакам да му дадам шанса, можеби некој ќе екслодира и ќе се докаже. На последните два меча ќе се искристализира тимот кој ќе го понесе товарот за пролетниот дел“, вели Седлоски.
Тренерот на Вардар кажа кој ќе го смени Роџерс Мато кој замина од “црвено-црните” и ќе продолжи во Хартс.
„Мато експлодираше, реши доста мечеви оваа сезона, добро играше и трансферот дојде. На таа позиција има 2-3 играчи и ќе видиме кој би го сменил. Исто така бараме уште 2-3 засилувања за да го освежиме тимот“, рече Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

