„Дуелите Најдоски – Бокшиќ пожестоки од војната во Газа… Милко Ѓуровски паѓаше на терен како да го стрелале!“

Легендарниот македонски фудбалски судија од времето на поранешна Југославија, а потоа и претседател на судиската комисија во независна Македонија, Гоце Попев во поопширно интервју за српскиот спортски весник „Журнал“ се потсетува на најинтересните моменти од својата долгогодишна судиска кариера.

Попев, потсетувајќи се на времињата од најсилната лига во Југославија, вели дека поранешниот македонски репрезентативец и легенда на Црвена Звезда и Партизан, Милко Ѓуровски, и тоа како знаел да ги „измами“ судиите со своите симулирања прекршоци.

„Милко Ѓуровски паѓаше како да е застрелан. Знаеше да ми се жали дури и кога играше во Ц. Звезда, а потоа и во Партизан. Се сеќавам на гостувањето на Партизан во Ниш. Црно-белите имаа одличен тим, но не им одеше добро таа сезона. Пред натпреварот, Сеља Јовановиќ, тогашниот претседател на Рад, ми рече да бидам внимателен бидејќи Партизан е голем клуб. Реков дека нема да има проблеми, дека е важно Милко да не се жали. Му реков и на тогашниот генерален секретар на Партизан, Зечевиќ дека ако слушнам збор од него, ќе го исклучам. Стадионот беше полн, Раднички силен. Црно-белите играа како да се преродени, го постигнаа првиот, вториот, третиот гол. Ѓуровски беше двократен стрелец. Се ракувавме по натпреварот и ми замери што сум го спомнал на лош начин кај Зечевиќ“.

Но, важевте како голем „звездаш“…

„Не го криев тоа, но мојата кариера беше најважна за мене. Никогаш не ми паднало на памет да им помогнам на црвено-белите и да бидам исфрлен поради тоа. Партизан секогаш победуваше кога јас судев, Ц. Звезда има шест порази кога јас бев на центарот, го загубија и Купот од Борац Бања Лука кога бев прв асистент на Блажо Зубер“ – вели Попев.

Не е никаква тајна дека и тогаш имало огромен притисок врз судиите.

„Нема да кријам, и во тоа време имаше притисок врз нас. Каде и да беа потребни бодови, претставниците на клубовите се обидуваа да влијаат на нас на разни начини. Еден од најжестоките, најтемпераментните стадиони беше „Пољуд“, поради публиката, играчите. Хајдук имаше многу репрезентативци во тие години. Најдобрите фудбалери од Сплит си даваа до значење, сакаа тие да судат место нас. Не толку многу, но беше тешко и во Тузла. Слобода имаше добар тим, но секоја година се бореа за опстанок. А оние стадиони каде беше полесно тоа беа Грбавица, Кошево, Бијели Брег“.

На тоа ниво на натпреварување, немавте ли некои големи проблеми?

„Немаше физички напади. Беше потешко во Втората лига, особено во Косово. Беше жестоко во Ѓаковица, Приштина и Пеќ, во Призрен се чувствував како да сум на Маракана. Луѓето од Ѓаковица ме притискаа на теренот, на полувреме ми рекоа дека нема да го напуштам стадионот жив. Знаев дека ако успешно поминам такви терени, сум подготвен за Првата лига. Се сеќавам на еден натпревар во Ѓаковица. Таса Ференчевиќ ми беше контролор. Влазними играше против Куманово. На гостите им требаа бодови за да опстанат, натпреварот не значеше ништо за домашниот тим. Влазними играше за ГИК Приштина, пред натпреварот имаше пукање на стадионот. Заврши 0-1“.

Се сеќавате ли на оние поништени сезони од Шајбер?

„Судев во тоа последно коло Сараево – Ц. Звезда. Домаќините побараа натпреварот да започне во 17:05 часот, бидејќи сакаа да дадат подарок на играч кој одеше во војска. Разговарав со делегатот и се согласивме натпреварот да не доцни. Ќе излеземе порано на теренот и ќе направиме сè што треба. Знаев дека Ц. Звезда сака да го знае резултатот на Партизан. Заврши 1-4, а Милко Ѓуровски стана најдобар стрелец во лигата. Кога клубовите се согласија за исходот, судиите не можеа ништо да направат. Најлесно беше да се дели правда на вакви натпревари, тие исто така однапред одредуваа кој ќе добие жолти картони. Беа коректни и ми рекоа пред натпреварот да гледам сам бидејќи исходот беше однапред договорен“ – се потсетува Попев.

Кој мислите дека е најдобриот судија од вашето време?

„Без сомнение – Зоран Петровиќ. Беше маестрален, имаше стил како никој друг. Беше дете на Партизан, неговиот брат ја заврши својата играчка кариера поради болест. Беше на теренот заедно со Влада Булатовиќ, тие се сметаа за големи таленти. На списокот на судии влезе многу млад. Претставуваше авторитет, сите се плашеа од него. Малкумина сакаа да им суди на домашен терен“ – вели Попев.

ДУЕЛИТЕ МЕЃУ НАЈДОСКИ И БОКШИЌ ПОЖЕШКИ ОД ВОЈНАТА ВО ГАЗА

На прашањето иои дуели на играчи особено ги памети, Гоце Попев без многу размислување ги издвојува дуелите на нашиот репрезентативец Илија Најдоски…

„Илија Најдоски и Ален Бокшиќ беа ненадминливи. Војната во Газа не беше како борбата меѓу нив двајца на теренот“ – се потсетува Гоце Попев.

Се вчитува...