Скопје потпиша со Глишиќ, за атак на Прва лига

Раководството на Скопје се обидува да состави конкурентен ростер за да се вмеша во борбата за влез во првата лига, па тимот од Гази Баба денеска договори уште едно искусно засилување.

Станува збор за Дарко Глишиќ, искусниот дефанзивец кој по краток престој во Македонија ЃП реши да ги напушти „лавовите“ и да му се приклучи на амбициозниот второлигашки проект.

Глушуќ во кариерата веќе еднаш има настапувано за Скопје, а на домашната сцена претходно ги бранеше и боите на Вардар, Напредок, Тетекс и Гостивар. Тој имаше и богата интернационална кариера настапувајќи за Докса, Арда Карџали, Септември Софија и Динамо Тбилиси, додека во Босна и Херцеговина беше член на ОФК Олимпик.

Тимот на Скопје моментно се наоѓа на петтото место во Втората лига со 29 бода, седум помалку од водечкиот Охрид Лихнидос.

Се вчитува...