Репрезентативниот стопер Дарко Велковски повторно ќе го носи дресот на Вардар. Клубот потврди дека е постигнат договор со Велковски, кој како слободен агент доаѓа во актуелниот лидер на табелата, по раскинот на соработката со Зрински.
30-годишниот Велковски го носеше дресот на Вардар три сезони, од 2015 до 2018 година, а потоа замина во Ријека, а играше и во Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски. Велковски досега има одиграно 55 меча за А националниот тим на Македонија.
Со тоа Вардар добива звучно име во одбраната, и треба да биде партнер со Мислав Матиќ во стоперскиот тандем за пролетниот дел.
Од клубот потврдуваат дека во текот на денот треба да се засилат и со српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ (28). Крилниот играч потекнува од младинската школа на Црвена Звезда, а потоа настапувал и за Графичар, БСК Бачка Топола, Металац, РАднички Ниш и РФС Рига. Последен клуб му е Железничар Панчево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

