Минимален пораз на Вардар од Ахмат Грозни на подготовките во Турција

Трет пораз на четвртиот натпревар за Вардар на подготовките во Анталија. Денеска подобар беше тимот на Ахмат Грозни кој победи минимално 1:0.

Голот беше постигнат од пенал преку Мелкадзе во 26. минута од средбата.

Претходно Вардар беше поразен од Јаблонец, Динамо Мхачкала, а одигра нерешено со Андијан.

Се вчитува...