Венцислав и Дејан Недев предавачи на карате семинар во Истанбул

Во периодот од 6 до 8 февруари 2026 година во Истанбул, Турција, ќе се одржи меѓународен ИТКФ карате семинар наменет за тренери, судии и натпреварувачи.

Семинарот ќе го водат Венцислав Недев и Дејан Недев, а организатор на настанот е Мелек Кошар претседател на Федерацијата за традиционално карате на Турција.

Се очекува учество на голем број каратисти, пред сè од Европа и Азија, што претставува одлична можност за унапредување на знаењата, размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка.

Се вчитува...