Вардар замената за Мато ја најде во соседна Србија. Го донесе Стефан Цветковиќ, кој бил во минатото дел и од Црвена Звезда, со кој ќе го продолжи походот по титула и одбрана на трофејот во Купот во пролетниот дел.
Цветковиќ ги сумираше првите впечатоци откако се приклучи на Вардар, и смета дека му е доделена голема доверба со тоа што е доведен да го замени најдобриот стрелец на екипата.
„Луѓето во клубот ме побараа да дојдам овде и благодарам што покажаа дека веруваат во мене, а јас ќе се трудам да им вратам со партии на теренот и да помогнам. Вардар е најголем клуб не само во Македонија, туку и во регионот. Тоа ме привлече, ќе дадам се од себе да дојдам првак. Доаѓам на позиција на играч кој беше најдобар стрелец и се надевам ќе успеам да го надополнам неговото отсуство. Македонската лига сум ја прател порано, знам за каква лига се работи. Тоа е нешто како Суперлигата на Србија каде доаѓам и се надевам дека брзо ќе се прилагодам на сите услови“, рече Цветковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

