Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ испрати порака за поддршка до Американката Линдзи Вон пред почетокот на Зимските олимписки игри во Италија. Американската скијачка неодамна претрпе сериозна повреда на коленото, но ќе се натпреварува на Зимските олимписки игри.
Поранешната олимписка шампионка изјави дека коленото е стабилно и не е отечено, и дека се надева дека ќе учествува на спустот во Кортина.
„Ништо не ме прави посреќна! Никој не би верувал дека ќе бидам тука… но го направив тоа!! Тука сум, се смешкам и, без разлика на сè, знам колку сум среќна. Нема да ја пропуштам оваа шанса. Ајде да одиме по тоа“, напиша Вон.
Тоа беше причината што Ѓоковиќ и упати порака за поддршка…
„Ајде, Линдзи“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

