Италија понуди вистински спектакл, откако во голем стил беше организирано свеченото отворање на Зимските Олимписки Игри што од денеска па се до 22 февруари ќе се одржуваат во Милано и во Кортина.
Стадионот „Сан Сиро“ беше местото на овој спектакуларен настан, на кој покрај музичката и уметничка програма, на крајот продефилираа и делегациите на 92 земји учеснички на ЗОИ 2026.
Меѓу нив, и македонската делегација што ја сочинуваат четири спортисти, а чии знаменосци вечерва во Милано беа Јана Атанасовска и Ставре Јада.

Шоуто може да почне, а нема сомнеж дека фановите на зимските спортови во следните петнаесетина дена ќе имаат бројни причини за уживате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

