Новиот македонски селектор Гоце Седлоски се соочува со проблем откако Висар Муслиу заработи незгодна повреда на стартот од вечершаниот дуел од белгиското првенство меѓу Вестерло и неговиот Сент Труден.
Се играше самиот почеток, веќе во четвртата минута Муслиу настрада по еден дуел со Савијадманеш и остана да лежи на тревата, по што стана јасно дека проблемот не е наивен. Тренерот на Сент Труден веднаш го повлече македонскиот репрезентативец од игра, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговата пауза од терените.
Македонија ќе гостува на Данска во баражот за СП 2026 на 26 март, а македонскиот стручен штаб со нетрпение ќе ги очекува вестите од Белгија околу сериозноста на оваа повреда на Муслиу, кој беше стандарден во одбранбената линија во изминатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

