Екипата на Вардар ги продолжува подготовките во својот тренинг камп во Хиподром, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во последните денови од престојот во Турција, „црвено-црните“ го ангажираа и Аргентинецот Хоакин Торес кој треба да помогне на патот кон титулата, и кон одбрана на трофејот во Купот.
Новото засилување во тимот, ги откри своите очекувања во дресот на „црвено-црните“.
„Најпрво, сакам да кажам дека сум многу среќен што сум овде. Имам голема почит за Вардар како тим, знам дека се работи за најдобриот тим од Македонија и сакам да се борам за големи нешта со клубот. Имам големо искуство во Јужна Америка, во Аргентина и Чиле, како и во и МЛС-лигата, па за мене ова е еден нов и голем европски предизвик во кариерата. Сакам да ја покажам најдобрата верзија од себе и да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели. Имам големи очекувања за себе и очекувам да се адаптирам лесно во Вардар. Кратко време сум тука, но се запознав со некои од соиграчите и почувствував добра енергија. Вардар е прв во лигата, па ќе се обидеме да ја сочуваме заедно таа прва позиција и да го освоиме трофејот“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

