Ѓоковиќ на отворањето на ЗОИ: Далеку е ЛА и 2028 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ присуствуваше на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Тој го придружуваше своето семејство на парадата и церемонијата на стадионот на Милан на кој е голем навивач.

„Прекрасен спектакл, како и секогаш. Секогаш е убаво да се биде во Италија. Очигледно е дека Италија е земја на спортот. Очекувавме спектакл и тоа е она што го видовме. Ова ми беше прв пат на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри и тоа беше голема емоција. Многу сум среќен што го имав ова искуство со моето семејство“, рече Новак Ѓоковиќ.

Потоа беше прашан за следните летни олимписки игри, кои се закажани да се одржат во Лос Анџелес во 2028 година.

„Далеку е, да. Во овој период од мојот живот и кариера, далеку е, но очигледно е дека имам желба да стигнам таму“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...