Панатинаикос е во сериозна криза бидејќи шефот на стручниот штаб Ергин Атаман не може да смета на главниот ас Кендрик Нан, а постои голема веројатност дека плејмејкерот нема наскоро да се врати на теренот.
Последниот натпревар во Евролигата го одигра на 8. јануари против Виртус, а проблемот на 30-годишникот е едем на коскената срцевина во глуждот. Тоа е состојба која веќе му предизвика проблем во НБА, а неговото враќање во тимот кој се соочува со сериозна резултатска криза нема да се случи наскоро.
„Според лекарите во САД, Нан е на 70 проценти закрепнување и нема да застане со тимските активности бидејќи не сака да ризикува влошување на неговата состојба“, пренесуваат грчките медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

