Ѓорческа го предаде мечот за финале на фјучрсот во Порто

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап на ИТФ фјучрсот во Порто откако во полуфиналето мораше да го предаде својот меч против Американката, Фиона Кроули при негатива од 1-0 во сетови и 3-0 во вториот.

Тетовчанката одлично го отвори натпреварот и имаше предност, но во финишот на првиот сет почна да ја мачи повредата што доведе до пораз од 7-5 во првиот сет. Проблемите се надѕираа и во вториот сет во кој Американката поведе со 3-0, по што нашата тенисерка мораше да предаде.

Со настапот во полуфиналето на овој турнир се очекува Ѓорческа да напредува на најновата ВТА листа во понеделник.

Се вчитува...