Постарите подобри во братското битолско дерби, Тиквеш лесно против Радовиш

Актуелниот шампион на Македонија, Е. Пелистер во братското дерби славеше против Пелистер 2 со 39-24 во првиот натпревар за двата тима во новата 2026 година и по паузата поради Европското првенство во Скандинавија.

Искусните пелистерци уште од самиот старт го контролираа мечот и веќе на пауза имаа плус седум (18-11). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до крајот за конечен триумф од 39-24. Богдан Радивојевиќ со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мохамед Азиз постигна седум гола.

До лесна победа стигна и Тиквеш на домашен терен против Радовиш со 44-23. Прво име во таборот на победникот беше Томче Стојановски со десет гола, додека кај поразените Томче Трајчевски постигна шест.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...