МЗТ Скопје славеше против „жилавиот“ Гостивар

Кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром запишаа нова победа во домашното првенство откако вечерва славеа на домашен терен против Гостивар со 84-73 во меч од 15. коло од Суперлигата.

Првиот период ни донесе тврда игра во која подобро се снајде домаќинот и по десет минути игра имаше предност од 15-13. Слично се движеше натпреварот и во втората четвртина во која пак за нијанса подобри беа гостите, па на пауза се замина со резултат 33-32.

Избраниците на Васко Атанасов одиграа феноменален трет период по кој дојдоа до двоцифрена предност од 59-48. До крајот успеаја да ја задржат предноста за конечен триумф од 84-73.

Илајџа Меккеден со 23 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Јован Црниќ постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...