Шошкиќ пак „во елемент“, победа на Стоуни Брук

Андреј Шошкиќ ја продолжи серијата одлични настапи во НЦАА-лигата откако македонскиот плејмејкер блесна и на дуелот што неговиот тим Стоуни Брук го доби против Нортистерн со убедливи 69-55.

Ова беше шести триумф на Стоуни Броук на последните седум меча, а меѓу најзаслужните повторно беше токму Шошкиќ.

Македонецот со 10 постигнати поени беше втор стрелец на својот тим, а Шошкиќ воедно и беше најдобар асистент со пет успешни додавања, а имаше и четири украдени топки (најмногу на мечот).

Се вчитува...