Американката Бризи Џонсон се закити со своето прво олимписко злато откако оствари најдобро време на денешниот спуст што се возеше во Кортина.
Трката ќе остане запаметена по падот на Линдзи Вон која по тешката повреда со хеликоптер беше пренесена во најблиската болница, но тоа не го намалува успехот на фантастичната Џонсон, која со време од 1:36.10 ги остави зад себе противниччките.
Бризи лани се закити со титулата светска шампионка во Залбах, а на колекцијата трофеи додаде и олимписко злато. Зад неа се најде Германката Еми Аичер со само четири стотинки послабо време од Џонсон, додека бронзата ја освои Италијанката Софија Гоџиа, која го донесе четвртиот медал за домаќинот на овие Олимписки Игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

