Нордискиот скијач Јоханес Клаебо продолжува да испишува историја откако триумфираша на денешната трка во скијатлон, со што норвешкиот ас се закити со вкупно шестото олимписко злато во кариерата.
Во трката во која натпреварувачите имаа 10 километри класично скијачко трчање и 10 километри во слободен стил, 29-годишниот Клаебо стигна до првото место со две секунди подобро време од второпласираниот Матис Деслогес од Франција. Третата позиција и бронзениот медал му припадна на Норвежанецот Мартин Ниенгет.
Клаебо, кој е победник во Светскиот куп, воедно и рекордер на светските шампионати, ќе се натпреварува во уште пет дисциплини до крајот на ЗОИ во Кортина, со што има шанси да стане најуспешен зимски олимпиец на сите времиња.
Рекордери во моментов се неговите сонародници Марит Бјерген и Оле Еинар Бјерндален, со по осум злати и бројни други олимписки одличја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

