Нов гол на Растодер, Тун чекори кон титулата во Швајцарија

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е меѓу најзаслужните за одличната сезона на Тун, во која оваа екипа е многу блиску до сензационална титула во швајцарската фудбалска елита.

Добрите игри на Растодер и Тун продолжија и на денешното гостување против Сервет, на кое тимот на македонскиот голгетер успеа да слави со 1-3 и да ја задржи одличната предност што ја има во однос на ривалите.

Македонскиот голгетер повторно блесна во вистински момент, стрелајќи прецизно во 40. минута за водство на Тун од 0-1. Гостите потоа погодија за 0-2 на самиот почеток од второто полувреме, по што Сервет доби и црвен картон, па во ситуација кога победникот беше решен тренерот на Тун реши да го повлече Растодер од игра.

Македонскиот репрезентативец има осум гола и четири асистенции во досегашниот дел од швајцарскиот шампионат.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...