Маневски успешно опериран, следи еден месец пауза

Левокрилниот дефанзивец Михаил Маневски на Вардар e успешно опериран по проблемите со препоните.

Маневски сега го очекува процесот на рехабилитација од околу еден месец, пред повторното враќање на фудбалските терени.

Дефанзивецот нема да биде на располагање на тренерот Гоце Седлоски на стартот од пролетниот дел од сезоната, во трката за шампионската круна оваа сезона.

Вардар во среда од 13 часот на комплексот на ФФМ ќе го одигра првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната, против Арсими.

Се вчитува...