ТФТ со одлична последна четвртина до пресврт-победа против Маџари

Kошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа со 90-111 на гостувањето против Маџари во Првата македонска кошаркарска лига.

Маџари го доби првото полувреме, но ТФТ низ поквалитетен втор дел дојде и до убедлива победа, со која и по 15 одиграни кола останува на првото место во Супер лигата.

Две различни полувремиња,  одиграа екипите на Маџари и на ТФТ вечерва во салата „Наум Наумовски-Борче“. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ одлично го почнаа мечот одржувајќи го ритамот во првите две четвртини за водство од 52-47 на полувремето.

Но ТФТ направи пресврт во третиот период во кој тој „минус пет“ го претвори во „плус 5“ за 71-76.

И не застанаа тука „црно-белите“, притиснаа уште повеќе во последниот период за конечна победа од 90-111.

Сега ТФТ има скор од 14 победи и само еден пораз во досегашниот дел од шампионатот.

Армстронг реализираше 26 поени за ТФТ, Дејвис постигна 21 поен за победничкиот тим, Ташовски имаше 20, Говенс постигна 19, Гордон 17, Стојаноски имаше 13, а Зафиров уште 11 поени.

Амар Хот оствари уште еден дабл-дабл учинок кај Маџари од 19 поени и 14. скока, Луис заврши со 19 поени, а Грин дополни со 13 поени.

Се вчитува...