Дејан и Венцислав Недев одликувани за развојот на традиционалното карате во Турција (ФОТО)

Изминатиов викенд во Истанбул, Турција, успешно беше одржан карате семинар под водство на Венцислав и Дејан Недеви.

Семинарот беше наменет за судии, тренери и натпреварувачи, при што беа презентирани борбени техники, кати, како и ИТКФ натпреварувачки правила за судии. Настанот претставуваше одлична можност за унапредување на знаењата и размена на искуства во духот на традиционалното карате.

На крајот од семинарот беа доделени дипломи за судии, како и дипломи за црни појаси. Венцислав и Дејан Недев беа наградени со посебни признанија за нивниот придонес и развој на традиционалното карате во Турција.

Семинарот беше организиран од страна на Мелек Кошар, ќерка на основачот на карате спортот во Турција, Хаки Кошар.

Се вчитува...