И официјално познат дефинитивниот распоред на настапи на македонските олимпијци на Зимските олимпписк игри во Италија, кој е потврден и од Македонскиот олимписки комитет.
Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена.
Според распоредот, прв ќе се појави Ставре Јада утре (10 февруари) во 09:55 часот на спринтот во нордиско скијање (крос-кантри). На 13 февруари во 11:40 часот, пак, Јада ќе ја има трката на 10 километри.
Претходно, на 12 февруари од 13 часот, Ана Цветановска во нордиско скијање ќе ја има трката на 10 километри.
Во алпско скијање, Виктор Петков на 14 февруари ќе се натпреварува во велеслалом, а Јана Атанасовскана 15 февруари ја очекува велеслаломската трка, а потоа на 18 февруари и слаломската трка.

„Македонските олимпијци се подготвени за достоинствено претставување на нашата држава. Да им ја пружиме потребната поддршка во нивниот пат кон олимпискиот успех“ – повикуваат од МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

