Чурлинов асистент за нова победа на Коџаелиспор (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со одличните настапи за Коџаелиспор.

Македонецот беше асистент во новата победа на својот тим, овој пат издвоена со 1-2 на гостувањето кај Кајесиспор во 21. коло.

Чурлинов доби шанса во 72. минута од средбата, а само минута подоцна довербата ја претвори во водство за својот тим од 0-2.

 

Се вчитува...