Најџел Хејс-Дејвис е блиску до враќање во Евролигата каде доминираше во изминатати сезона освојувајќи ја и наградата за најкорисен кошаркар на последниот Ф4 на кој неговиот Фенребахче се закити со титула.
Американецот не се најде во НБА лигата па сега е блиску до потпис со нов клуб во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа.
Тоа е Хапоел Тел Авив, дебитнатот во шампионатот кој испратил најбогата понуда за 31-годишникот.
Постоеше можност тој да се врати назад во Истанбул, но Фенербахче не може да и парира на понудата на Израелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

